X
 29.08.2016 Култура

Зошто секој филм завршува со оваа изјава?

film 

 

„The characters and events depicted in this photoplay are fictitous. Any similarity to actual persons, living or dead, is purely coincidental“.


Ова се зборовите кои ќе ги прочитате на крајот на скоро секој филм.

Како што веројатно можете да погодите, причината позади оваа изјава се законите за клевета, меѓутоа оригиналниот случај со клевета излегува од еден вид на легенда. Пред 1932 година ваквата изјава во филмовите била ретка, ако не и воопшто неупотребувана. Токму во 1932 година билa премиерата на филмот „Rasputin and the Empress“ од „MGM“ во кој се раскажувале детали за животот на рускиот окултист Григори Распутин и неговиот однос со кралското семејство, а во филмот имало сцена која го прикажала неговото убиство.

Како што раскажува легендата, монахот бил убиен од страна на членовите на династијата РОманов, поради хипнозата која ја имал над царицата Александра. Наводно Принцот Феликс Јусупов заедно со уште неколку луѓе го отруле и застрелале Распутин во 1916 година. Легендата вели дека биле потребни неколку обиди за тој да биде убиен, и дека тој бил реанимиран во неколку моменти, способен да издржи смртоносни напади.

Во филмот од 1932 година, Јусупов бил заменет со друг лик, наречен Чегодиеф чија сопруга во друга сцена е силувана од Распутин. Јусупов, кој тогаш живеел во егзил во Франција се обидел да ја тужи „MGM“ бидејќи ликот на Чегодиеф наликувал толку многу на него, што очигледно бил тој. Со имплицирање дека тој бил вмешан во некакво убиство, студиото му наштетувало на неговиот углед.

Сепак, Јусупов имал проблем во врска со неговата тужба - тој се пофалил за убиството на Распутин во неговите мемоари. Меѓутоа, поради вклучувањето на ликот на неговата сопруга, Јусупов бил во можност да продолжи со тужбата со оглед на тоа што неговата сопруга била клеветена во филмот.

„Ова се однесува на уништување на една империја. Неколку од ликовите се'уште се живи - останатите беа убиени со насилство“.

Токму поради живите ликови Јусупов го добил случајот. Неговата сопруга добила 25.000 фунти од Високиот суд во Лондон во 1934 година, а подоцна и 75.000 фунти како отштета од „MGM“. Компанијата изгубила многу повеќе пари затоа што морала да го промени филмот и да ги уништи сите верзии во кои Распутин ја силува сопругата на Чегодиеф.

Токму затоа, и „MGM“ и останатите филмски компании започнале да ја користат оваа изјава, одрекувајќи се од одговорноста без оглед на тоа колку филмот е блиску до вистината или реалноста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура