Долготрајната изолација може да предизвика досада, но може да го пополните слободното време така што ќе се вклучите во истражувачки активности, и тоа поврзани со коронавирусот. Не е потребна експертиза, туку време и интерес.
Постојат разни проекти во кои може да се вклучите, а дел од нив се поврзани со науката. Научниците низ целиот свет се во трка да најдат ефективни третмани и вакцини за спречување на ширењето на коронавирусот.
Фото: Pixabay
„
Фолдит“ е онлајн-игра која им помага на играчите подобро да ги разберат структурата и функцијата на протеините. Тимот на „Фолдит“ сега ги предизвикува играчите да дизајнираат антивирусни протеини кои би можеле да се врзуваат со
коронавирусот. Најдобрите дизајни ќе бидат произведени и тестирани.
Сличен проект е „
Фолдинг ет хоум“. Оваа компанија ги користи компјутерите на корисниците за да прави пресметки. Вашиот компјутер може да стане еден од илјадниците калкулатори што работат заедно.
Проектот за онлајн-следење „
Флутракинг“ помага во следењето на грипот. Учесниците пополнуваат кратки анкети секоја недела и со тоа им помагаат на истражувачите во следењето на симптомите на грипот. Оваа иницијатива е само за граѓаните на Австралија и Нов Зеланд.
Програмата „
Пејшнтс лајк ми“ им помага на пациентите што имаат одредена болест да ги споделат искуствата и третманите со другите што имаат слични состојби. Програмата од неодамна има и група луѓе што се заболени од Ковид-19.
Фото: Pixabay
Проекти за зачувување на околината
Доколку не сакате да мислите на коронавирусот, има разни опции во областа на екологијата. Може да придонесете за зачувување на природата преку интернет. Некои веб-страници од корисниците бараат податоци од програми кои се во тек со тоа што корисниците опишуваат фотографии направени со дигитални камери. Еден пример е австралиската „Камера воч“.
Други веб-страници бараат волонтери кои би транскрибирале податоци од колекции и метеоролошки станици. Годинава првпат повеќе австралиски градови ќе учествуваат во предизвик во кој ќе предлагаат начини за следење на процесите во природата без нарушување на социјалното дистанцирање.
Автор: Стивен Харис
Извор:
theconversation.com