X
 26.03.2020 Технологија

Средношколец направи веб-страница за следење на коронавирусот и ја користат милиони луѓе

Улиците во градовите низ светот се празнат поради ширењето на коронавирусот. Во САД претседателот деновиве изјави дека станува збор за проблем на кој никој не помислил пред еден месец. Впрочем, има луѓе што помислиле, а меѓу нив е 17-годишниот Ави Шифман од сојузната држава Вашингтон.

Шифман направи веб-страница која го следи ширењето на коронавирусот. Страницата ncov2019.live досега има над сто милиони посетители.


Фото: Youtube screenshot

- Само сакав да овозможам достапност до податоците, но никогаш не помислив дека страницата ќе биде толку многу посетена - изјавил средношколецот минатата недела.

Шифман искористил тактика на кодирање со чија помош автоматски собира податоци од различни извори низ светот, како Светската здравствена организација, американскиот Центар за контрола на болести, јужнокорејската медиумска агенција „Јонхап“ итн.


Фото: Pixabay

Веб-страницата ги користи сите податоци за да го покаже последниот број на случаи на заразени луѓе од коронавирусот. На веб-страницата лесно може да се видат информациите групирани по држава и континент, а податоците автоматски се ажурираат секоја минута.

Шифман е во последната година од средното образование. Тој самиот се научил да програмира кога имал седум години, најмногу гледајќи видеа на „Јутјуб“ и досега направил над 30 веб-страници.

Автор: Брент Крејн
Извор: newyorker.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија