X
 31.05.2018 Живот

Зошто луѓето живеат во близина на активни вулкани?

Кога и да има ерупција на некој вулкан, сите се запрашуваме: Зошто тие луѓе таму избрале да живеат во близина на темпирана бомба? Па, излегува дека вулканите им нудат многу на локалните жители, сè додека можат да заминат по мало предупредување.

Веројатно би било прилично тешко да се убеди некој од Њујорк или од Чикаго да живее на патот на активен вулкан. Но, има многу земјоделски, економски и социјални причини зошто би живееле до вулкан. Сè почнува од почвата.

Ако се сеќавате на лекциите од петто одделение, тогаш знаете дека растопениот карпест материјал кој се истура за време на вулканската ерупција е познат како магма додека е под земја и како лава штом ќе излезе на површината. Магмата доаѓа од под земја и со себе носи и други нешта - вредни минерали и хранливи материи кои потоа се разложуваат и ја прават земјата екстра плодна. Резултатот: на вулканска почва доматите растат поголеми, а цвеќињата посветли и ги има во изобилство.

Исто така, тука е културолошката улога што вулканите ја играат во многу цивилизации. Во Мексико, активниот вулкан Попокатепетл и неактивниот Ицаксиватл се во центарот на легенда стара неколку века и Астеците секако немало да го напуштат местото кое било поврзано со нивните херои. Во меѓувреме, во Исланд, безмилосноста на вулканот Хекла стана гордост. Некои христијани на островот веруваа дека тоа е портата кон пеколот, додека други кажуваа приказна за злобен магионичар кој бил истеран од бомбите од лава.

Тоа објаснува зошто луѓето живеат близу вулкани уште од древни времиња. Но, како што напредува технологијата, бенефитите од вулканите само се зголемуваат. Во Исланд и во Нов Зеланд, на пример, геотермалната енергија има важна улога во одржувањето на осветленоста. Тоа не би било можно без вулканите кои ги создале островите. Плус, неспоредливите глетки создадени од вулканските мрежи не се само пријатни за живеење, туку се и магнет за туристи кои оставаат многу пари. Тоа не смее да се игнорира.

Што и да е она што привлекува, јасно е дека вулканите имаат многу што да им понудат на луѓето кои живеат во нивна сенка. Кажете некој активен вулкан: Фуџи, Везув или дури и исландскиот не толку популарен Ејафјадлајекидл - кај сите овие на подножјето живее значителен број на население, а кај некои има и цели мегалополиси. Живеењето во близина на вулкан е како коцкање, но во овој случај ќе сакате да излезете пред да стане многу жешко.  

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот