X
 08.05.2017 Култура

Истражувањата потврдуваат: луѓето што читаат се пољубезни

Ако сакате да станете подобра личност можеби е време да почнете да читате книги – една студија потврдува дека редовното читање ги прави луѓето пољубезни и поемпатични.

Во истражувањето учествувале 123 учесници кои биле сослушани на основа на нивните преференци за книги, ТВ и драми, а потоа биле тестирани на интерперсонални вештини, вклучително и колку ги земале предвид чувствата на другите, и дали им помагале.

Студијата спроведена на универзитетот Кингстон во Лондон, покажала дека луѓето кои читаат е поверојатно да се однесуваат на социјално прифатлив начин споредено со тие кои преферирале да гледаат ТВ. Вторите се истакнале како помалку пријателски расположени и помалку склони да ги разберат туѓите погледи на светот.

Во студијата понатаму се дошло до заклучок дека љубителите на фантастиката покажуваат попозитивно социјално однесување, додека љубителите на драма и романтични новели се покажале како по емпатични.

Љубителите пак на истражувачките книги се покажале како способни да ги гледаат нештата од различен аспект, а љубителите на комедијата докажано најдобро одржувале односи со другите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура