2016 беше прилично луда година.
Променлива политичка сцена, висока смртност, загрижувачки климатски трендови и што уште не се демначите од кои единствено бегство би биле страниците на некоја добра книга.
Во продолжение ви споделуваме наслови што ги препорачува
Индипендент и за кои смета дека можат да го извлечат најдоброто од секој од нас.
Quiet од
Susan Cain:
Оваа книга ќе ви помогне подобро да ги запознаете луѓето, бидејќи нуди одличен увид во интровертниот ум. На затворените ќе им овозможи подобро разбирање на нивното однесување, но исто така е препорачлива и за екстровертите, за да ја разберат другата половина од луѓето.
Scrappy Little nobody од
Anna Kendrick:
Дебитантската книга на актерката Кендрик е збирка есеи зачинети со нејзиниот препознатлива чесност и со хуморот.
Книги што ги растегнуваат хоризонтите на светот:
Born a crime од
Trevor Noah:
Trevor Noah има да каже многу интересни нешта – и не се сите поврзани исклучиво со ѓаволската состојба на американската политика.
Born a crime е мемоар за животот на
Noah во Јужна Африка во време на апартхејдот со мајка Коса (народност во ЈАР) и татко со швајцарско-германско потекло, во пост-апартхејд периодот во деведесеттите.
Hillbilly elegy од
J. D. Vance
Оваа книга ви нуди поглед во животите на белата работничка класа во Америка. И покрај тоа што дејството е сместено во конкретно место, пораките што произлегуваат се универзални. Книгата е чесен приказ на универзалната борба за социјална мобилност, кршење на стегите и поголеми постигнувања од тоа што се смета за предодредено од судбината.
Книги за политичка наобразба:
The establishment од
Owen Jones
Jones во својата книга се осврнува на улогата на политиката и начинот на кој коегзистира со големите бизниси, полицијата и медиумите. Книгата ќе ви помогне да разберете кои се вистинските непријатели и никогаш повеќе да не се насочи гневот на погрешно место.
Our revolution од
Bernie Sanders
Во оваа книга, Сандерс на читателите им дава личен увид во кампањата за годинашните ретседателски избори во САД и за неговите политики за социјална револуција.
Absolutely on music од
Haruki Murakami /
Seiji Ozawa
Пред да стане писател,
Murakami држел џез клуб во Токио, поради што целиот негов опус има многу џезија, во приказната, во ликовите, ритмот, зборовите. Оваа книга е разговор за музиката и креативноста помеѓу
Murakami и светски познатиот диригент
Seiji Ozawa.
So you’ve been publically shamed од
Jon Ronson
Новинарот Jon Ronson ги каталогизирал најлошите случаи на јавно посрамување за нас, вклучувајќи ги и неговите искуства и размисли. Книгата се осврнува на човечката состојба и на разорната моќ на интернетот.
The underground railroad од Colson Whitehead
Фикционален роман што ги следи сижејните линии на двајца робови кои се обидуваат да избегаат од памучните полиња во Џорџија преку подземна железница. Според критиката, книгата отвора многу непосакувани вистини.
Love wins од Debbie Cenziper / Jim Obergefell
Книгата обработува приказна за судски случај и послеователната борба за граѓански права, во насока на легализирање на истополови бракови во САД. Партнерот на Obergefell умирал додека двојката патувала од Охајо во Мериленд, каде што истополовите бракови биле легални, додека службите во Охајо одбиле да го признаат нивниот брак, па и да издадат посмртница за починатиот партнер.