Во ново видео од едукативниот канал на „You Tube“ за наука „Veritasium“, водителот Дерек Милер објаснува зошто луѓето стареат, а раковите не и начинот на кој ова влијае на животните векови на видовите.
Видеото се фокусира на теломери, делови на крајот од хромозомите кои се поврзуваат со животниот век. Меѓутоа, тајната за подолг живот не се крие во должината на теломерите, туку е многу покомплицирана и помистериозна.