Каква е новата регулатива за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, кој ја изградил Шарената џамија во Тетово, по што е посебна оваа генерација матуранти? Како средните стручни училишта ќе привлекуваат ученици? Ова се дел од темите со кои се занимававме изминатата недела.
Шарена џамија (фото: Википедиа)
Таа е една од најубавите
градби што ја претставуваат културата од османлискиот период во Македонија. Денес се наоѓа на пониско ниво од останатиот дел од Тетово, покрај реката Пена. Шарената џамија е единствена во светот поради надворешната декорација и орнаментите во ентериерот, исклучителен претставник на исламската верска архитектура. Поради своите архитектонски и уметнички вредности, објектот денес е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија од исклучително значење.
Изградена е на крајот од 15 век, во 1495 година, но денешниот изглед го добила 350 години подоцна благодарение на Абдурахман-паша. Се претпоставува дека ремек-делото го создале мијачките тајфи кои граделе и зографисале.
На интернет-страницата на тетовската Општина има кус историјат и опис на објектот. Споменикот е репрезентативен примерок и уникатна уметничка реализација. Има специфична декорација, особено во внатрешноста. Со векови овој објект ја чува својата верска, воспитно-образовна и културна функција.
Ковид-19 е последната, исклучително загрижувачка манифестација на непредвидлив шок врз разноликите, меѓусебно поврзани системи, каде што меѓународното закрепнување ќе има значителни импликации за идната економска, социјална и владина активност. Интерконективноста меѓу системите претставува една од структурните карактеристики што го детерминираат современото живеење – појавата на Ковид-19, всушност, претставува перфектен пример за спознанието дека светот во кој живееме не е линеарен свет во кој акциите предизвикуваат предвидливи реакции, напишаа во најновата колумна, проф. д-р Оливера Костоска од Економски факултет при УКЛО и академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.
Јована Јовановска
Ако сѐ беше нормално, периодов ќе беше еден од најсреќните за една мала група на младинци која само што зачекорува во светот на возрасните. Годинава нема ниту зурли ниту тапани пред училиштата по матурската прослава, ни разиграни убавици со полуразмачкана шминка и истуткани фустани, ги нема ниту фраерите со разлабавени вратоврски и нови костуми...
Oва е генерацијата матуранти што е посебна по многу нешта... Родени се во конфликтната 2001 година, кога беше особено тешко за граѓаните во регионите во Македонија во кои имаше војна. Некои од нив се родени токму таму! Оваа генерација е првата што искуси деветтолетка. Првите деца што со неполни 6 години мораа да седнат на школските клупи. Тие, за жал, се и првата генерација што нема да има матурска прослава. Нема да се смеат кога заедно ќе ги гледаат сликите од таблото и алманахот, да уживаат во последните денови во училницата, во живо да разговараат за идните планови и соништа. Тие, секако, дел од ова го прават онлајн, но велат дека не е исто.
Поради Законот за високо образование и измените во Статутот на УКИМ, донесени во 2018 година,
ректорските избори првпат се спроведуваат во согласност со новата легислатива
Ректорските избори на најголемиот универзитет во земјава, „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, деновиве предизвикаа многу полемики во врвот на актуелното раководство. Актуелниот ректор има еден став, проректорите заземаат поинаков став, а поддршка им даде и Независниот академски синдикат.
Поради Законот за високо образование, донесен во 2018 година, ректорските избори првпат се спроведуваат во согласност со новиот Закон. Тука е Статутот на УКИМ, чии измени беа изгласани во јуни 2018 година. Според овие два документа, ректорските избори треба да се спроведат. Пренесуваме дел од процедурите што мора да се почитуваат.
Музиката го зголемува серотонинот, кој го нарекуваат хормон на среќата, иако тој е трансмитер. Композициите на Моцарт или Шостакович позитивно влијаат, додека на Вагнер негативно. Борбените маршеви се користат за да ја подигнат самодовербата на војската, посмртните за да ја потенцираат жалоста. Која песна и како таа влијае врз нашата психа, зависи од нас. Во психијатријата постои метод на лекување невротични состојби наречен музикотерапија, вели проф. д-р Илија Џонов, невропсихијатар.
Депресијата, анксиозноста, стресот, стравот, паниката станаа дел од секојдневието на поединецот, како последица од пандемијата на коронавирусот. Луѓето повеќе време мора да бидат дома отколку надвор. Социјалната и физичка изолација се сведени на минимум.
Многу музичари и научници се сложуваат дека музиката го подобрува менталното здравје и прави да се чувствуваме подобро. Алберт Ајнштајн рекол дека би бил музичар ако не се занимавал со физика. Џими Хендрикс ја доживувал музиката како своја религија.
Доан Сулејманоски, директор на „Шаип Јусуф“
Оваа состојба е искуство кое треба да нѐ поттикне да размислуваме за современите трендови во образованието, за негова поголема флексибилност и за развивање дополнителни стратегии во врска со образовните процеси, вели Доан Сулејманоски, в.д. директор на едно од најмладите средни школи во земјава
На рака се бројат
учениците во средното стручно училиште „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари, кои немаат услови за да следат онлајн-настава. Триесетина ученици од околу 400 имале проблем да следат настава поради немање соодветен уред во март. Но оваа ситуација брзо ја надминале со помош на таблетите што ги имало училиштето.
Како се реализира петтата учебна година од основањето на едно од најмладите средни училишта во земјава? Поразговаравме со в.д. директорот Доан Сулејманоски, кој вели дека периодов, освен на наставата, се фокусирани и на приемните за нови ученици. Интересот расте секоја година за некоја од струките: економски или градежен техничар, медицинска сестра, фризер и келнер.
По само неколку дена од престанувањето на редовната настава ова училиште се вклучило во онлајн-настава, објавувајќи наставни материјали и содржини кои, пред сѐ, биле насочени за да се задржи вниманието на учениците, тие да се анимираат, да продолжи образовната навика, како и правилно да го користат слободното време.
Како средните стручни училишта се подготвуваат за своите нови ученици? Со какви кампањи се обидуваат да привлечат внимание кај полуматурантите и нивните родители? Уписите на средношколците ќе се одвиваат на 16 и 17 јуни, а резултатите ќе бидат истакнати на 18 јуни. Годинава имаме 19.297 полуматуранти.
Поразговаравме со раководителите на неколку стручни училишта во земјава.
Промоциите поврзани со привлекување на ученици од основното образование за запишување во училиштето во средното школо „Владо Тасевски“ од Скопје почнале да ги организираат февруари годинава, вели директорот Александар Сибиновски.
- Активностите за промоција ги организираме, реализираме и финансираме ние како училиште и со помош на донатори. Поради пандемијата која нѐ затече, годинава за прв пат промоцијата ја реализиравме на малку поинаков начин преку средствата за електронска комуникација и социјалните мрежи. Од страна на училишните тимови, со помош на надворешни партнери имаме изработено презентации, како и видео во кое е даден целосен осврт на образовните профили и струки во нашето училиште – вели Сибиновски и објаснува дека најмногу се користи нивната официјална фејсбук-страница, каде секојдневно се објавува нешто ново.
Во ова училиште се изучуваат: сообраќајната, машинската и електро-техничката струка.