X
 11.08.2020 Образование

Студентите на УКИМ бараат да се изготват протоколи за користење на читалниците

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ испрати барање до Владата, Министерството за образование и наука - МОН и Комисијата за заштита од заразни болести за изготвување протокол за користење на читалниците во услови на пандемија.

Читалниците им се потребни на студентите и треба да продолжат да функционираат приспособувајќи се на новонастанатите услови.

- Институциите треба да препознаат дека читалниците се есенцијална компонента во процесот на учење и надградување на студентите. Со изработка на здравствени протоколи и одговорно однесување на студентите, нема да бидат загрозени здравјето и безбедноста ниту на корисниците ниту на вработените.
Голем дел од студентите немаат услови да се посветат на учење и подготвување испити во својот дом или престојувалиште. Отворени читалници значат еднаква можност за студентите да не заостануваат во учењето во однос на своите врсници - велат студентите.


Фото: Архива

Над 10.000 студенти од 23 факултети на УКИМ полагаа во јунската испитна сесија во три декади според сите здравствени протоколи, почитувајќи ги сите препораки од здравствените власти.

- Покажавме дека студентите се одговорни, а тоа го докажаа статистиките на заболени каде што не беше потврден ниту еден заразен за време на полагањето. Очекуваме позитивен одговор и брза реакција од надлежните институции, образованието мора да биде еднакво достапно за сите и во вакви вонредни околности - велат од УСС-УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование