X
 07.01.2019 Живот

Летот од Лондон до Солун им се претворил во пекол поради маглата

Летот на „Рајанер“ - ФР8582 го напуштил аеродромот „Стенстед“ со мало задоцнување во 17 часот и 19 минути во петокот и се очекувало во Солун да пристигне пред 22 часот. Но, додека „Боингот 737“ бил над Македонија, околу 125 милји од дестинацијата, маглата на грчкиот аеродром предизвикала одвраќање.

И додека сите би очекувале авионот да слета на аеродромот во Скопје, леталото со околу 200 патници одлетало североисточно во бугарскиот воздушен простор. Поминало близу Софија, но не слетало таму. Авионот на крај слетал во Темишвар во северозападна Романија. Градот се наоѓа во близина на унгарската граница и околу 500 милји подалеку од Солун.

Рутата по која летал авионот на „Рајанер“
Фото: Independent

Вратениот авион се вратил празен од Темишвар во Велика Британија. Наводно, одлуката била донесена затоа што „Рајанер“ има база на романскиот аеродром. Но, на социјалните медиуми патниците и нивните сакани истакнаа дека компанијата потфрлила во нејзината обврска да се грижи за нив.

-Моите родители и 200 патници на „Рајанер“ се заглавени на аеродромот во Темишвар поради временските услови. Нема никој и никој не одговара на повиците. Бебиња и постари лица ја минуваат ноќта на ладно - напиша Санџи Хјусон на „Твитер“.

Кристин Кир, пак додаде дека патниците се напуштени на аеродромот без да им се понудат алтернативи. Според Кристин, персоналот на аеродромот ги тера да си заминат. Наводно, воздухопловната компанија понудила само едно „решение“, а тоа е да се качат во стар автобус и да патуваат 18 часа.

Во условите на „Рајанер“ стои дека компанијата е обврзана во ваков случај да им најде алтернативен превоз на патниците. Сепак, 89 патници одбиле да се качат во автобусот и ноќта ја минале на аеродромот. На крајот, грчката влада пратила летало во Темишвар, па патниците биле пренесени до Солун, каде пристигнале околу 24 часа по предвиденото време за пристигнување.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот