31.05.2023
Живот
Нови летови од Охрид до Лондон и до Манчестер
Денеска на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид беа пречекани првите патници од Манчестер и од Лондон (Гетвик), со што се означи отворањето на овие две нови сезонски авиолинии на британски ТУИ.
Новововедените сезонски летови од Манчестер и Лондон ќе сообраќаат со по 1 неделен лет од двете дестинации, во периодот од 31 мај до 20 септември, а TUI UK ќе лета со „боинг 737-800“, со капацитет од 189 седишта.
Како што велат од ТАВ Македонија, околу 6.000 британски патници се очекува да пристигнат во Охрид од овие две нови дестинации во текот на летната сезона.