X
 19.12.2021 Живот

Во Лондон никнаа мали читалници за ментално опуштање

Архитектонското студио „Кокин студио“ и британската служба за психолошка помош „Селф спејс“ соработувале на иницијативата која на жителите на Лондон им помага да се грижат за менталното здравје.

Станува збор за инсталации од слама поставени низ градот во кои жителите може да влезат и да си посветат неколку минути на себе. Инсталациите се читалници чиј ентериер е изграден од природни материјали.


Фото: Caukin Studio

Целта на студиото и на службата е да понудат место кое е удобно за одмор и размислување за своето ментално здравје.


Фото: Caukin Studio

Инсталациите ќе бидат демонтирани кон крајот на месецов, а материјалите ќе бидат рециклирани.

Извор: Green
Фото: Caukin Studio
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот