Некои мислат дека имаат опасни клинци забодени во нивните тела или дека се толку кревки што се плашат некој да ги допре. Други се плашат од празниот простор помеѓу буквите, или замислуваат како нивните тела се кршат кога се движат, се тркалаат низ ходниците како камен или се лизгаат наоколу.
Сведоштвата за прогонствата во реалниот живот е проникливост за каков е животот за пациентите во психијатриски болници, студија направена од Ева Котаткова. Ова беше карактеристиката за отворањето на провокативната нова изложба за приказните на менталното здравје низ уникатни увиди во лондонската најстара психијатриска болница која работи и денес.
Изложбата
“Bedlam: The asylum and beyond“ опишува реални животни ситуации од пациентите, докторите, политичарите и уметниците за животот во “Bethlem“, психијатриски институт изграден во 1247 година наречена “лудница“ за визиите на маѓепсаниот “секуларен пекол“ вкоренет во популарната култура.
Таа содржи цртежи, уметнички дела и планови на пациентите и официјалните лица во текот на годините вклучувајќи ја и онаа на Џејмс Норис, која била врзана за неговиот врат за повеќе од една деценија, пред да биде откриена од страна на официјалните лица.
Другите предмети вклучуваат фино извезени писма за кралицата Викторија направени од жена која имала илузии за афера. Цртежите поднесени од “неизлечивиот лудак“ Џејмс Тили Метју откриваат детални планови за новата зграда кога болницата била присилена да ја напушти локацијата.
Првата серија на планови поднесени од страна на пациентот ја покажуваат неговата визија за место каде пациентите ќе можат да шетаат, да се грижат за парцелите со зеленчук и за старите лица како олицетворение на заедничката нега.
Тоа е ретроспектива на време кога да се биде еден од “досетливите“ беше правен статус, а не медицински да се сметаат за “луди“, со нудење на заштита, но и одземање на нивните права.
Слајдовите ја покажаа фасадата на “Bethlem“ заедно со извештајот како болницата била отворена како туристичка атракција, со насилничка и пијана толпа која поминувала секој викенд.
Управникот Мајк Џеј рече дека лондонскиот институт бил преместен 3 пати низ вековите, а тоа е совршен начин да се каже приказната за промената во ставовите на менталното здравје.
“Историјата ни покажува дека линијата помеѓу разумот и лудилото е возможно да се поправи. Тоа е постојано менување управувано од промени во разбирањето на медицината, правото и јавната здравствена политика, од кои сите одразуваат промени во ставовите во општеството како целина. Тоа е извонредно сложена приказна што болницата “Bethlem“ го просведочила и го обезбеди сето тоа низ една наративна приказна“.
Сликите од кошулите на пациентите и Х-ray апаратите се потсетник за тоа колку ставовите за менталното здравје настанале, а тоа е релевантно прашање со оглед на епидемијата на депресија која се проценува дека ќе влијае на
една третина од тинејџерките во Велика Британија.
Се проценува дека
3 милиони Австралијанци живеат со депресија и анкциозност, што е пример како фокусот на менталното здравје се менуваше од потребата да се чува тоа приватно, до состојба отворено да се дискутира за тоа.
“Како што се покажува денес ние се наоѓаме во свет во кој менталното здравје станува приказна за сите, преокупација на модерната култура во целост“- додава Џеј.
Во обид да стане “отскочна даска“ за разговор во 21 век, изложбата исто така вклучува и планови за “безумство“, утописка душевна болница каде луѓето би имале пристап до куќи од дрва, миленици, океан и пекара.
Колекционерот Барбара Родригез Муњоз рече дека изложбата била дизајнирана да претстави што концептот на душевна болница значи во модерниот свет.
“Bedlam: The asylum and beyond“ изложбата на “Wellcome Collection“ во Лондон се отвори на 15 Септември, а ќе трае до 15 Јануари 2017.