Камерон Дијаз и Кирк Камерон ја добија наградата за најлоши актерка и актер на овогодинешната 35-та „Златна Малина“ (Razzies).
Дијаз ја заработи титулата за нејзината изведба во комедиите „The other woman“, филм во кој сопругата заедно со двете љубовници на еден човек се здружуваат за да му го уништат животот, и „Sex tape“, филм за еден брачен пар, кој случајно објавува нивна секс снимка.
Модерниот римејк на „Annie“ во кој исто така се појавува Дијаз заедно со Џејми Фокс, е прогласен за најлошиот римејк.
Дијаз ја прифати наградата на Кирк Камерон за „Saving Christmas“, филм кој исто така доби и „Златна Малина“ за најлош филм и најлошо сценарио.
Мајкл Беј ја доби наградата за најлош режисер за филмот „Transformers: Age of Extinction“. Иако филмот имаше заработка од 1 милјарда долари, сепак ова не беше причина да биде поштеден.
Актерот Никола Пелтз беше поштеден, меѓутоа Келси Грамер немаше толкава среќа. Победникот на пет Еми награди, ја освои и наградата за најлош актер во споредна улога и не само за „Transformers: Age of Extinction“, туку и за „Legends of Oz“, „Think like a man too“ и „Expandables 3“.
Меган Фокс, која ја стекна нејзината слава од франшизата „Transformers“, беше прогласена за најдобра споредна актерка за филмот „Teenage Mutant Ninja Turtles“.