X
 31.07.2019 Живот

Ем-ти-ви ќе ја укине наградата именувана по Мајкл Џексон?

Ем-ти-ви Видео музичките награди не сакаат на кој било начин да бидат поврзани со името Мајкл Џексон, поради што познатата награда можеби и ќе замине во историјата.

Според пишувањата на американските медиуми, по острите реакции од јавноста за документарниот филм „Напуштајќи ја Недојдија“, од Ем-ти-ви размислуваат за укинување на категоријата која е именувана по контроверзниот пејач.

-Моментално се води многу жестока расправа за тоа како ќе се постапи оваа година со наградата Мајкл Џексон Видео Вангард. Нештата стануваат ужасни. Се расправа за тоа дали треба да се промени името на наградата или целосно да се отстрани. Се расправа и за тоа кој би требало да ја претстави оваа награда и секако кој ќе ја добие - истакнува неименуван извор.

Контроверзниот документарен филм на Ејч-би-о се фокусира на наводите за сексуално злоставување на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои тврдат дека додека биле деца познатиот пејач ги наговарал на сексуални односи.

Оваа награда досега ја имаат добиено изведувачи како Ријана, Бијонсе, Бритни Спирс, Џенифер Лопез и други.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот