Иако веќе долго не се меѓу живите, имињата и наследствата на некои јавни личности и ден-денес им носат огромна заработка на нивните наследници.
Од сите ѕвезди што веќе не се меѓу живите, Мајкл Џексон шеста година по ред е на врвот на листата на „Форбс“ за најплатени починати славни лица.
Колку и да звучи бизарно, тој минатата година заработил 313 милиони фунти, а од смртта до денес е забележан профит од 1,8 милијарда фунти.
На второто место е Елвис Присли, со заработка од 31 милион фунти, претежно од продажба на дискографски изданија и развој на новиот забавен комплекс „Елвис Прислис Мемфис“.
Трет е Арнолд Палмер, играч на голф, со заработка од 27 милиони фунти.
Арнолд Палмер
Фото: Wikipedia
Принс и Џон Ленон се на деветтото, односно десеттото место, со заработка од 10 и 9
милиони фунти.