X
 31.07.2019 Живот

Жените во Македонија живеат 3,8 години подолго од мажите

Жените во Северна Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години.

Жените во Србија живеат пет години подолго од мажите, во Грција за 5,1, а во Турција 5,6 години.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија - 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години.

Најмала разлика има во Холандија 3,2 и во Шведска 3,3 години.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот