X
 31.01.2021 Култура

Забранет документарен филм за британското кралско семејство се појави на интернет

Принцот Чарлс прави сос за салата, кралицата Елизабета го нарекува американскиот амбасадор „горила“. Коњот се храни со моркови однесени на бела салфетка.

Редок документарен филм кој нуди поглед во животот на британското кралско семејство неодамна бил прикачен на интернет пред веднаш да биде симнат. Документарниот филм е снимен од Би-би-си и е наречен „Кралско семејство“ (angl. Royal family).

Во него се прикажани членовите на кралското семејство од 1968 до 1969 година. Тој премиерно бил прикажан на 21 јуни во 1969 година и бил гледан од над 350 милиони луѓе. Потоа бил чуван во архива и секое негово прикажување морало да биде одобрено од кралицата.

Документарниот филм бил споменат во третата сезона на серијата „Круната“ (англ. The Crown) и повторно ѝ го привлекол вниманието на јавноста. На 15 јуни документарниот филм бил прикачен на „Јутјуб“, но бил симнат во четвртокот.

Во продолжение може да погледнете видео од интересни делови од документарниот филм.


Автор. Карли Ледбетер
Извор: huffpost.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура