X
 24.09.2021 Култура

Третиот дел од „Фантастични ѕверки“ ќе пристигне напролет

Обожавателите на приказните за волшебници ќе се израдуваат кога ќе дознаат дека третото продолжение од филмот „Фантастични ѕверки“ ќе пристигне во кината на 15 април.

Првично беше најавено дека премиерата ќе биде прикажана на 15 јули, но од „Ворнер брос“ одлучиле да го сменат датумот и да ја прикажат премиерата три месеци порано.

Насловот на новото продолжение гласи „Фантастични ѕверки: Тајните на Дамблдор“ (Fantastic beasts: The secrets of Dumbledore), а во него ќе се разгледува периодот кога Албус Дамблдор открил дека злобниот волшебник Гринделволд се обидува да го освои светот на волшебниците. Заедно со повеќе волшебници и вештерки, Дамблдор ќе тргне во опасна мисија за да го спречи Гринделволд.



Режисер на третиот дел е Дејвид Јејтс, кој пред неколку години работел и на филмовите „Хари Потер“.

Минатата година Џони Деп беше присилен да се откаже од улогата на Гринделволд откако британски таблоид објави текст во кој го обвинува дека физички ја злоупотребувал неговата поранешна сопруга Ембер Хард. Улогата на волшебникот сега ќе ја игра Медс Микелсен.

Извор: Klix
Фото: Instagram/Printscreen
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура