X
 31.07.2022 Живот

Оваа прекрасна вила во Шведска е самоодржлива и климатски паметна

Шведска е една од оние земји што секогаш се наоѓаат на листите со најдобри земји за живеење во однос на севкупниот квалитет на живот. Освен тоа, Шведска е позната и по нејзината прекрасна природа, планини, езера итн.

Ако сонувате некогаш да живеете одржлив живот таму, опкружени со природа, не е толку неверојатно доколку имате средства и можност да го направите тоа.

1

2

Компанијата „Натурвилан“ создава домови во Шведска, а нејзината најнова одржлива вила во форма на буквата А се наоѓа среде планина.

Атри е најновата вила што ја дизајнирала компанијата да биде самоодржлива и климатски паметна. Вилата се наоѓа на брегот на езерото Венерн. Не само што добивате прекрасен поглед на самото езеро, туку и сте опкружени со високи дрвја и природна парцела со камени плочи. Како што можете да забележите, куќата се спојува меѓу дрвјата и станува дел од природниот пејзаж.

4

5

Она што ја прави екстра посебна, освен нејзината форма, е тоа што е изградена да биде климатски паметна и да се приспособува на сите временски услови.

6

Извор: Yankodesign.com
Фотографии: Marcus Ellason/naturvillan
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот