X
 02.02.2018 Живот

Како да направите совршено CV ако аплицирате за работа во Шведска?

Се прашувате како да склопите совршено CV што ќе го убеди работодавецот во Шведска да ве вработи: шведски експерт дава важни совети за вработување во оваа земја. Вработувањето во странство секогаш е малку покомплицирано, но добрата кратка биографија може многу да придонесе да оставите позитивен впечаток кај работодавецот.


Како да му пристапите на вашето CV?

Треба да го гледате како документ што ќе ви обезбеди интервју. Треба да се осигурите дека сите ваши квалификации што се релевантни за работата се видливи и присутни. Нека не биде „сув“ документ кој никој не сака да го прочита. Исполнете го со сите потребни квалификации и вештини. Размислете за тоа како вашето интернационално искуство ќе ѝ помогне на компанијата во која аплицирате за да направите позитивна промена.

Зошто CV од Шведска е различно од другите?

Нема некоја голема разлика, но во шведското CV повеќе се обидуваат да ги охрабрат апликантите да дадат повеќе информации за тоа што правеле на секое работно место претходно. Потребни се конкретни примери за да се покаже придобивката што потенцијалниот работник ќе ја донесе во компанијата во која аплицира.

Кога кратката биографија треба да биде на шведски, а кога на англиски јазик?

Треба да се следат информациите што ги содржи огласот за работа. Како правило важи тоа дека јазикот кој е на огласот е и јазикот на кој треба да биде напишана кратката биографија.

Колку лични информации треба да бидат вклучени?


Во CV-то треба да ги има информациите што се релевантни за работната позиција за која аплицирате. Важно е да бидете подготвени и за дискутирање на тие информации. Фокусот, сепак, треба да биде насочен најмногу кон работната позиција што ја посакувате. Повторно се потенцира дека најважно е она што се бара во огласот за работа.

Дали квалификациите треба да се преведат на шведски јазик?

Преводот не е проблем, но фактот дека повеќето компании во Шведска користат англиски јазик како јазик за работа не би бил проблем доколку квалификациите си стојат само на англиски јазик. Ако сметате дека тоа би било проблем, може да го контактирате тој што го објавил огласот и да прашате.

Потребна ли е слика од апликантот?

Одговорот на ова прашање е „Не“. Сликата не е потребна.

Три брзи совети за пишување CV:

1. Направете го вредно за „продажба“ (поминување на пазарот)
2. Нека биде едноставно за читање (не комплицирајте)
3. Цел и фокус нека биде работната позиција за која се аплицира.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот