X
 22.03.2021 Живот

Во Шведска може да скијате во подземен тунел што порано бил тајна фабрика за муниција

Тунелите во Гело, Шведска, биле изградени во текот на мрачен историски период кога малкумина би поверувале дека тие некогаш ќе се користат за рекреација.

Шведска останала неутрална за време на воените конфликти во првата половина од 20 век, но, сепак, армијата на државата одлучила да изгради локација за производство на муниција. Армијата копала длабоко во гранитот на планината што се наоѓала покрај градот Гело. Ископала цела мрежа од тајни тунели во планината.



Фабриката за муниција била отворена во 1942 година. Тогаш околу Шведска се војувало, па муниција се произведувала во Гело за време на Втората светска војна, а подоцна и за време на Студената војна. Фабриката била затворена во 1998 година.

Во 2012 г. било предложено претворање на тајната фабрика во скијачки центар што би работел во текот на целата година. Пет години подоцна планот се реализирал.



„Мидсвиден 365“ е скијачки центар што е отворен за јавноста во текот на целата година. Посетителите може да скијаат во тунелите во внатрешноста на планината покрај Гело дури и среде лето.

Извор: atlasobscura.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот