X
 31.08.2016 Живот

Што не може да биде заштитено со авторско право?

Заштита на авторско право е легално право на креатори на содржини. Ова право се однесува на милјарди содржини на интернет и во реалниот свет, но како функционира е мистерија за многумина. Ова законско право варира во зависност од државата.

Постојат неколку нешта што не се заштитуваат со авторски права: зборови, имиња, симболи што се користат во бизнис (тие се брендираат), датуми и факти, работите на владата, не се заштитува име на интернет страна поради што мора да се купува домеин итн. Пронајдоците и машините исто така не може да се заштитат, но може да ги патентирате.

Еве уште неколку интересни податоци за заштитата на авторски права:

- Оригинални дела на автори што не се фиксирани во материјална форма не може да се заштитат, како на пример, идеите за романи. Само цел готов роман ги исполнува условите;

- Информација што е општо позната и нема оригинално авторство, на пример, „небото е сино“ не е подложна на ова право. Календари, графици за висина и тежина, листи со табели од јавни документи, правила и мерки не може да се заштитат со авторско право;

- Рецепти, формули и етикети: книга со рецепти може да се заштити ако има инструкции и објаснувања. Но, дури и тогаш рецептите не се заштитени со авторско право;

- Празни форми како адресари, дневници, распореди не може да се заштитат;

- Бизнис организации или имиња на групации, име на производ или услуга, име на домеин, наслови на дела и псевдоними не подлежат на ова право;

- Слогани,  фрази, идеи или системи (концепти, процеси, методи на операција, бизнис практики, математички алгоритми и принципи, научни и технички методи и откритја се нешта за кои не важи Законот за заштита на авторски права;

- Начинот на кој информацијата се изразува може да биде заштитен, но не и самата информација;

- Закони вклучитено и случаи, устав, одлуки на суд, регулативи и статути не се заштитуваат со авторско право;

- Корисни нешта: облека, автомобили и домаќински апарати не се заштитуваат. Но, креирање посебен дизајн како уметничко дело може да се заштити со Закон.

- Играчките не се класифицирани како корисни предмети, па затоа може да се заштитат со авторско право.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот