Сигурно е многу интересно во реално време да се следат
сајбер-нападите на глобално ниво. Илјадници веб-страни секојдневно се хакираат како последица на ранливи датотеки, додатоци (plugins), погрешна конфигурација на серверите.
Ако сте заинтересирани да ги следите нападите што се случуваат низ светот, тогаш следниве мапи ќе ве воодушеват.
1.
Norse – Оваа мапа ги прикажува потеклото на нападите, типовите напади, целите на нападите, IP адресата на извршувачите на нападот, нивната географска положба и портите. Можете да ја филтрирате мапата за следење геолокации и протоколи.
Norse ја одржува светски најголемата мрежа за следење напади, со повеќе од осум милиони сензори на повеќе од 6000 апликации.
Според геолокација:
Глобално (default)
Југоисточна Азија
Западна Азија
Јужна Америка
Европа
САД и Кина
Според протоколи:
Telnet
Netis
RFB (Remote framebuffer)
Microsoft-DS
HTTP
MS WBT
SIP
SSH
XSAN File system
2.
Digital Attack map – на оваа мапа можете секојдневно да ги следите DDoS нападите ширум светот. Имате повеќе опции за филтрирање на мапата.
Според обемот на нападот:
Голем
Невообичаен
Комбиниран
Според типот на нападот:
TCP connection
Volumetric
Fragmentation
Application
Source and destination port number
Duration
DDoS е опасен за вашиот онлајн бизнис, бидејќи може да ве исклучи од интернет и да ви нанесе ненадоместлива штета на угледот и на финансиската состојба. Доколку сте сопственик на бизнис или веб администратор, пожелно е да го заштитите вашиот онлајн имот од DDoS напад преку користење на сервиси како што се Incapsula, Cloud Flare, SUCURI.
3.
Fire eye – мапа што ви дава преглед на сите напади во денот во прилог со следените податоци. Не е детална како претходните две, но е корисна ако сте во потрага по податоци во конкретна индустрија или држава.
4.
SUCURI – ги прикажува податоците поврзани со WordPress „Brute force attacks“. Податоците не се покажуваат во реално време, туку секојдневно се ажурираат. Приказите се поделени во четири оддели (1. Вкупен број неуспешни логирања дневно, 2. Потекло на нападите по држави, 3. Потекло на нападите според ASN - Autonomous System Number и 4. Број на напади на час). Во просек, повеќе од еден милион напади се насочени кон WordPress со употреба на техниката „Brute force“.
5.
Wordfence – еден од најпопуларните безбедносни додатоци за WordPress со повеќе од еден милион активни корисници. Ги прикажува нападите „во живо“, попречени од додатоците на веб-страниците во WordPress.
6. Kaspersky – мапата на Kaspersky ги прикажува „во живо“ нападите детектирани од различни системски извори:
On-Scanner access
On Demand Scanner
Web Anti-virus
Mail Anti-virus
Intrusion Detection System
Vulnerability Scan
Kaspersky Anti-spam
Botnet Activity detection
7. Threat cloud – ги прикажува податоците од вчерашните и нападите од текот на денот. Исто така, постои опција за приказ на најпопуларната цел и изворните земји.
8. Trend micro – оваа ботнет мапа на заканувачки дејства ги прикажува мониторираните штетни активности врз мрежата за да ги идентификува серверите што што ја даваат и контролираат „наредбата“ за нападот.
9. AKAMAI – веб-набљудувач во реално време што ги прикажува мрежите и сообраќајот на нападите, со можност да ги филтрирате по региони.