Денес, постојат безброј компании на кои им ги доверуваме нашите податоци на интернет. Меѓутоа не сите компании ја заслужуваат оваа доверба.
Неодамнешниот извештај на фондацијата „Electronic Frontier“ наречен „Who's got your back“ открива кои технолошки компании ги штитат корисниците од владините барања за податоци. Извештајот ги објавува најлошите компании кога станува збор за податоци за приваност и има направено значителни промени во тоа како технолошкиот сектор се однесува со нашите кориснички податоци. Генерално, направени се големи чекори во секторот на технологијата, со секоја ставка во претходните извештаи претворена во ѕвездичка наречена „најдобро прифатени практики на индустријата“.
Сепак, некои компании особено телекомуникациите заостануваат во технолошкиот сектор. Компаниите како „Verzion“ и „АТ&Т“ се меѓу трите најлошо оценети компании во овогодинешниот извештај, со тоа што продолжуваат со лошите резултати уште од 2011 година.
„WhatsАpp“, апликацијата во сопственост на Фејсбук, исто така покажа лоши резултати. За разлика од овие три компании, извештајот даде целосни ѕвезди на девет компании: „Adobe“, „Apple“, „CREDO Mobile“, „Dropbox“, „Sonic“, „Wickr“, „Wikimedia“, „Wordpress“ и „Yahoo“.
Исто така, социјалните мрежи како „Twitter“, „Reddit“ и „Pinterest“ се единствените кои откриваат кога владата бара содржината да биде отстранета од страната.