X
 16.12.2016 Технологија

Чекори кои ќе помогнат во вашата онлајн заштита

Од користење уникатни лозинки, до верификација во два чекори, ова се начините на кои можете да ја заштитите вашата приватност онлајн.

 

заштита

 

1. Користете уникатни лозинки за сите ваши профили/сметки


Не се залажувајте себеси кога си велите дека ги користите истите лозинки за сметки кои не ви се важни или пак дека имате толку силна лозинка што никој не може да ја погоди. Секоја сметка е потребно да има нова лозинка.

Зошто: Затоа што голем број сервиси се хакираат, и се објавува цела база на податоци. Луѓето често пати се излажани и влегуваат на страни каде ги пишуваат нивните лозинки и на тој начин ја загрозуваат нивната сајбер безбедност. Ако ви се случи тоа, тогаш сигурно сакате да ја ограничите штетата.

Како: Како што претходно напоменавме, со пишување различни лозинки за различни профили/сметки.

2. Користете менаџер за лозинки


Софтверите како „LastPass“ и „1Password“ ги складираат вашите лозинки и ги синхронизираат со неколку уреди.

Зошто: Иако можеби напамет ги знаете сите ваши лозинки, сепак тие не варираат доволно за да бидат сигурни. Менаџерот на лозинки е одличен за употреба затоа што нуди безбедни лозинки кои сам ќе ги меморира.

Како: Преземете го, инсталирајте го на вашиот компјутер и приклучете го. Не мора ни да ги менувате лозинките наеднаш: менаџерот ќе забележи кога се логирате и ќе ве праша дали сакате да зачувате нова лозинка.

3. Користете „рандом“ лозинки


Откако ќе го инсталирате менаџерот за лозинки, користете го за да генерирате безбедни „рандом“ лозинки, наместо да измислувате сами.

Зошто: Луѓето не избираат толку рандом лозинки колку што мислат, бидејќи на многу луѓе може да им текне истата шема на лозинка. Меѓутоа, менаџерот ќе искористи досега невидени лозинки.

Како: Доколку веќе го инсталиравте менаџерот, решен е проблемот.

4. Овозможете верификација во два чекори онаму каде што можете


Многу сервиси како што се „Facebook“, „Google“, „Twitter“, „Тumblr“, ви овозможуваат верификација во два чекори. Освен лозинка, потребно е да докажете дека имате пристап до вториот уред, обично телефон. Понекогаш се испраќа текст, понекогаш користите специјална апликација, а понекогаш ја притискате нотификацијата на вашиот телефон.

Зошто: Затоа што верификацијата во два чекори ги спречува оние кои ви ја хакнале сметката да ви ја откријат лозинката. Ова е дополнителен слој на безбедност со што е тешко да се хакира профилот.

Како: Секој сервис има различен метод за овозможување на процесот.

5. Ажурирајте го вашиот софтвер

Повеќето софтвери имаат автоматска функција за ажурирање. Користете ја.

Зошто: Повеќето хакови се спроведени со напад на софтверот користејќи ја познатата слабост. Особено внимание треба да обрнете на вашиот оперативен систем, веб пребарувач и „Adobe Flash“.

Како: Овозможете автоматско ажурирање.

6. Ставете ПИН со шест броеви на вашиот телефон


Вашиот телефон ви нуди можност за поставување на ПИН пред да се отклучи. Искористете ја оваа можност.

Зошто: Ако вашиот телефон ви е украден отклучен, не постои ништо што би можеле да направите. Но, ако е заклучен и е украден, тогаш можете да спречите некој да ги искористи вашите лични информации.

Како: Доколку имате „iPhone“, одете во Settings>Touch ID & Passcode>Erase Data и кликнете Change Passcode за да поставите ПИН. Скоро секој „Android“ е различен, меѓутоа најчесто треба да барате во менито Security>Personal.

7. Овозможете целосна енкрипција на дискот

На хард дискот на компјутерот може да биде поставена автоматска енкрипција кога е исклучен.

Зошто: Во случај на крадење на компјутерот.

Како: На „Mac“ овозможете го „FileVault“ а на „Windows“ приклучете го „BitLocker“.

8. Направете „Back-up“ на надворешен хард диск

Се' што се наоѓа на вашиот компјутер треба да биде ставено во посебен хард диск. Истото важи и за вашиот телефон - содржината од вашиот телефон треба да биде ставена во компјутер, а од компјутер на надворешниот хард диск.

Зошто: Ако се случи најлошото и вие изгубите се', ќе можете да си ги вратите работите.

Како: Купете евтин USB хард диск. Ако користите „Mac“, оставате го вклучен и овозможете ја „Time Machine“; ако имате „Windows“, приклучете го и следете ги инструкциите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија