Чуан-Бин Чунг е професор по уметност на Универзитетот „Шу-Те“ во Тајван. Тој држи часови по анатомија на уметност и цртање. Но, не ги принудува студентите да учат од учебник. Наместо тоа, тој црта анатомски структури на таблата. Потоа студентите ги прецртуваат скиците во своите тетратки.
- Процесот на демонстрирање е многу важен за студентите. Без процесот, тие не учат ништо, па затоа ги цртам сите
едукативни цртежи на таблата во текот на предавањата - изјавил Чунг во едно интервју.
За оние што сакаат да учат од овој професор, тој има профили на „
Фејсбук“, „
Инстаграм“ и „
Јутјуб“. Подолу може да видите едно од неговите предавања.
Автор: Утку Куцукдунер
Извор:
interestingengineering.com