X
 27.09.2021 Живот

Професор по неврологија советува како да го зголемите менталниот фокус

Сите имаме различни интереси. Вие, на пример, може да сте заинтересирани и фасцинирани од вселената и иднината, додека вашиот најдобар пријател може да биде позаинтересиран да истражува историски настани и од каде потекнуваме.

Тоа е сосема нормално, а нормално е и ако кажете дека не ве интересираат истите теми што ги интересираат вашите пријатели. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто ставате поголем фокус и внимание, па дури и поголем емотивен одговор на теми и хобија што ве интересираат?

Можеби не е изненадувачки, сето тоа се сведува на она што се случува во вашиот мозок и сигналите што ги испраќа до вашето тело, за да ви го даде тој зголемен емоционален одговор. Поконкретно, сѐ е поврзано со ослободувањето на допаминот. Допамин е она што е познато како невротрансмитер - или можеби дури и поконкретно, барем според Ендру Хуберман, невромодулатор - и, како што веројатно веќе знаеме, се нарекува хемикалија на задоволство бидејќи се чувствуваме фантастично кога се ослободува од нашиот мозок.

Зошто чувствуваме зголемен фокус кога сме заинтересирани за нешто? Д-р Ендру Хуберман, професор по невронаука на „Стенфорд“, го има одговорот. За време на неодамнешната епизода од неговиот поткаст Ендрју зборува за луѓе кои имаат АДХД (нарушување на вниманието/хиперактивност) и објаснува зошто луѓето со АДХД можат многу интензивно да се фокусираат на работите во кои уживаат и за кои се љубопитни - но додава дека истите принципи може да се применат за оние што го немаат нарушувањето.

Како да го зголемите менталниот фокус?

Тој додава дека уживањето и љубопитноста се психолошки термини, поточно начинот на кој го опишуваме нашето човечко искуство. Но, од невробиолошка перспектива, тие имаат многу јасен идентитет и потпис, а тоа е допаминот.

Зголемувајќи ја специфичноста на она што го прави допаминот во нашиот мозок, покрај горенаведеното, Ендрју вели дека допаминот е невромодулатор кој ја менува активноста на кoлото во мозокот, така што одредени кола се поактивни од другите.

fokus
Фото: Freepik

- Конкретно, допаминот создава зголемена состојба на фокус. Има тенденција да го намали нашиот визуелен свет и има тенденција да нѐ натера да обрнеме внимание на нештата што се надвор и над нас. Допаминот во голема мера е одговорен за нашата способност и нагон да бараме информации во надворешниот свет - вели професорот.

Допаминот вклучува сигнали во нашиот мозок што го стеснуваат нашиот визуелен и аудитивен фокус. Спротивно на тоа, кога нашиот мозок не ослободува допамин, ние помалку перципираме специфични работи што се случуваат во нашиот надворешен свет. Подложни сме на различни сетилни дразби: на пример, вид, допир, вкус, мирис, но ние перципираме само некои од нив затоа што обрнуваме внимание само на некои од нив.

Како пример во реално време, каде и да ја читате оваа статија, вие сте изложени на цел свет на сетилни информации. Чувствувате облека на вашата кожа, а може и да има надворешни звуци околу вас. Но, вие обрнувате внимание само на некои од нив. Како што вели Андреј, „оние на кои обрнувате внимание се ваши перцепции. Вашето тело и понатаму ќе ги чувствува другите сетилни дразби, но вие не ги перципирате.

Која е тајната за зголемување на вашиот ментален фокус? Пронајдете теми, луѓе или хоби што навистина ќе ве заинтересираат. А како да знаете што ве интересира или не ве интересира? Ќe забележите разлика во начинот на кој вашиот мозок реагира на различни стимули, или со искрено задоволство или со комплетен недостиг од задоволство.

Извор: Dmarge.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот