X
 21.08.2023 Живот

Средношколци му помогнале на нивниот професор да собере 10.000 долари за операција на срцето на неговата сопруга

Наставникот може да го промени животот на ученикот. Но, понекогаш и ученикот може да му го промени животот на наставникот.

Клејтон Гај е наставник по историја во Аризона, кој работи во средното училиште Аркадија во Феникс уште од 2004 година. Кога неговите ученици дознале дека на сопругата на нивниот сакан професор ѝ е потребна операција која ќе ѝ го спаси животот, тие се собрале и му помогнале да собере доволно пари за процедурата.

Напорите на учениците започнале кога забележале промена во однесувањето на Гај. Наставникот, кој е познат по тоа што е секогаш расположен и весел, одеднаш станал тажен и мрачен.

- Генерално, Гај е секогаш во одлично расположение и внесува одлична атмосфера во класот и секогаш е енергичен. Пред да дознаеме за операцијата на неговата сопруга, веројатно една недела претходно, можевме да кажеме дека неговото расположение беше прилично лошо, па веднаш знаевме дека нешто не е како што треба - вели Паркер Бонд, еден од неговите ученици.

Тогаш Гај им откри на учениците дека на неговата сопруга ѝ е потребна операција.

- Моравме да чекаме до 11 мај за операција и беше како да чекаме срцев удар. Децата постојано прашуваа како е, колегите постојано прашуваа, целото училиште ми даде огромна поддршка, а учениците беа неверојатни - вели Гај.

Потоа учениците повторно направиле нешто неверојатно. За да му помогнат на нивниот професор со големите медицински сметки, тие побарале дозвола да започнат кампања „Гоуфандми“.

- Бев трогнат и ме расплакаа. Толку беа љубезни - вели Гај. Неговата сопруга била воодушевена кога дознала дека учениците сето тоа го направиле сами.

Кампањата веќе ја исполни својата цел од 10.000 долари. Многумина од оние што помогнале за време на кампањата споделуваа прекрасни спомени од него, како и приказни за тоа колку добар учител е тој.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: GoFundMe
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот