X
 31.10.2018 Економија

Германија ја зголеми саатницата на 9,19 евра

Германската влада денеска донесе одлука за зголемување на минималниот надомест за еден час работа, кој од почетокот на следната година ќе изнесува 9,19 евра.

Министерот за финансии Олаф Шолц бара зголемување на минималецот на 12 евра.

- Мислам дека минималната саатница од 12 евра е соодветна - напиша Олаф од Социјалдемократската партија во текст објавен во весникот „Билд“.

Тој ги советува германските работодавци да не штедат на плати.

СДП, која е заедно со ЦСУ во владата, веќе подолго време бара зголемување на минималецот на 12 евра. Германската влада автоматски го зголемува минималниот надомест по препораки на Комисијата за минимална саатница, во која има претставници на работодавците и на синдикатите.

Од 1 јануари 2020 година минималниот надомест би требало повторно да се зголеми на 9,35 евра.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија