Просечниот извршен директор во САД заработува повеќе во еден ден отколку просечниот работник за цела година.
Директорите на најдобрите 500 компании во земјата заработиле просечно 13,5 милиони долари годишно, односно 373 пати повеќе од годишната плата вредна 36.000 долари на просечниот работник, покажува нов извештај од АФЛ-ЦИО, организација за труд.
Ова значи дека просечниот извршен директор заработил речиси 37.000 долари дневно, што е повеќе од годишната плата на просечниот работник.
„САД се соочува со криза на нееднаквост во платите бидејќи извршните директори ги користат сите бонуси за себе“, вели Ричард Трумка, претседател на организацијата која стои зад истражувањето.
Во 2013 година, организацијата открила дека просечниот извршен директор заработува 331 пат повеќе од просечниот работник. Просечната плата на извршните директори се зголемила за речиси 2 милиони долари во последната година, додека платата на просечниот работник пораснала за помалку од 1.000 долари.
Во овогодинешниот
извештај, организацијата посочи кон извршниот директор на „Валмарт“, кој заработува 1.000 пати повеќе од новите вработени во компанијата, чиј почетен хонорар изнесува 9 долари на час.