X
 31.10.2018 Живот

Трамп сака да го укине американското државјанство добиено при раѓање

Претседателот Доналд Трамп сака да искористи извршна наредба за ставање на крај на правото на државјанство што се добива при раѓање, практика што им дава државјанство на децата родени во САД, без оглед на државјанството на нивните родители.

Трамп ја нарече оваа практика „смешна“ и ги потврди плановите за потпишување извршна наредба што ќе ја забрани.

tramp
Фото: Associated Press


Но, извршните наредби на Трамп за имиграција претходно се соочија со тешки правни предизвици, и тоа сигурно ќе биде случај и овој пат, со оглед на тоа што Уставот на САД вели дека сите лица родени или натурализирани во САД се државјани на САД.

Понатаму, Законот за имиграција и натурализација од 1952 година, основно тело на американскиот закон за имиграција, исто така вели дека лицето родено во САД, кое е предмет на јурисдикцијата на САД, е американски државјанин уште од раѓање.

Правниот аргумент на Трамп ги доведува во прашање неовластените имигранти во САД чии деца добиваат државјанство.

Според денешното толкување на законот за имиграција, децата родени во САД на неовластени имигранти добиваат пристап до американските бенефиции. Децата, како граѓани, можат да ги спонзорираат своите семејства за тие да станат американски државјани откако ќе наполнат 21 година. Но, за детето родено од неовластени имигранти, спонзорирањето на семејството претставува сериозен предизвик. На пример, родителите што нелегално влегуваат во САД се должни да се враќаат во својата родна земја 10 години пред да можат да аплицираат за американско државјанство. Истражувачкиот центар „ПјУ“ проценува дека 4 милиони неовластени имигранти живеат со своите деца родени во САД од 2014 година.

Трамп, кој во голема мера водеше кампања за ограничување на имиграцијата во САД, вели дека децата родени од неовластени имигрантски родители се „сидро бебиња“, термин што демократите често го сметаат како расистички и ксенофобичен.

Федералните власти сериозно ја сфатиле практиката за намерно раѓање деца во САД како начин за обезбедување државјанство за родителите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот