X
 03.11.2017 Живот

Кој е зборот за 2017 година?

збор
Фото: Reuters

Фраза што постојано се вртеше во насловите е именувана за збор на годината од издавачката куќа за речници „Колинс“.

„Лажните вести“ (Fake news) станаа синоними за изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп. И се чини дека остатокот од светот го следел примерот откако неговата употреба се зголемила за 365% во 2017 година. Како и со претходните зборови од годината што ги избрала издавачката куќа, „лажните вести“ ќе бидат дел од нивниот нареден речник.

Политиката имала големо влијание врз листата, а „Антифа“ (Antifa) и „Ехо-комора“ (Echo-chamber) го зазедоа своето место.

Дури и „инста“ (Insta) - збор поврзан со апликацијата за споделување фотографии „Инстаграм“, и „Фиџет спинер“ (Fidget Spinner) не можеа да ја надминат врвната фраза дефинирана од Колинс како „лажна, често сензационална информација распространета под маската на известување вести“.

2
Фото: Harper Collins

„Колинс“ веќе петта година по ред го истакнува трендовскиот збор или фраза, а претходните победници беа „Брегзит“ (Brexit) и „бубалица“ (Geek).

Претседателот Трамп не е единствен што го искористил зборот. И Тереза Меј и Џереми Корбин го искористиле за време на нивните говори, а социјалните медиуми беа оптоварени со обвинувања.

„Лажната вест, или како изјава за факт или како обвинение, оваа година беше неизбежна фраза, придонесувајќи за поткопување на довербата на општеството во известувањето“, вели Хелен Њустед, шеф за јазичните содржини во „Колинс“.

Претходните победници што ги избрала издавачката куќа „Колинс“:

2016 - „Брегзит“ (Brexit): именка, што значи повлекување на Велика Британија од ЕУ.

2015 - „Продолжено гледање“ (Binge-watch): глагол, што значи да се гледаат голем број епизоди од една серија.

2014 - „Фотобомб“ (Photobomb): глагол, што значи расипување на фотографија така што личноста исчекорува во моментот кога се прави фотографијата, често правејќи нешто будалесто.

2013 - „Бубалица“ (Geek): именка, што значи некој е вешт во работење со компјутери и се интересира повеќе за тоа отколку за луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот