X
 29.07.2019 Живот

Јапонија во септември ќе лансира ракета на МВС

Јапонија во септември ќе лансира ракета, со карго капсула, на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти јапонската вселенска агенција.

Беспилотното летало ХТВ8, познато како Коунотори, ќе испорача околу 5,4 тони потребни материјали за астроинаутите во МВС, вклучувајќи храна, вода, батерии и уреди потребни за експерименти.

Ракетата ќе биде ласнирана на 11 септември од вселенскиот центар Танагашима, во југозападниот дел од Јапонија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот