Имајќи предвид дека сме во период од годината кога температурите паѓаат, многу возачи традиционално би можеле да почнат да добиваат главоболки од замрзнатите шофершајбни. И покрај тоа што се брзате да стигнете на работа, германскиот автоклуб (ADAC) предупредува да не прибегнувате кон брзи решенија и да не го одмрзнувате стаклото со топла или млака вода.
Доколку ја користите оваа практика, може да дојде до оштетување и пукање на стаклото.
Проблемот не се решава ни ако користите вода со пониска температура. Важна е температурната разлика помеѓу стаклото и водата. Кога надворешната температура е многу ниска, дури и млаката вода може да биде опасна за прозорците на возилото. Тоа обично се 30 до 35 степени. Исто така, многу експерти советуваат да не го полевате возилото со студена вода.
Фото: Freepik
Замрзнувањето на стаклата на автомобилот преку ноќ може лесно да се спречи со ставање фолија или картон под бришачот на шофершајбната.
И шише со топла вода поставено на инструмент-таблата, кое ќе го ставите половина час пред тргнување или преку ноќ, може да помогне. Топлината на водата ќе го стопи мразот или ќе го спречи неговото формирање.
Извор:
Vecernji.hr
Фото: Freepik