„Тесла“ воведе нова карактеристика наречена „Charge on Solar“ (напојување на сончева енергија) која може да ја полни батеријата со сончева енергија.
Како ќе функционира?
За да ја искористи оваа нова функција, на корисниците им е потребен автомобил „тесла“ со софтверска верзија 2023.26 или понова, „тесла пауервал“ со софтверска верзија 23.12.10 или понова и сончева енергија, како и апликацијата „Тесла“ (верзија 4.22.5)
Тогаш корисниците едноставно треба да ја отворат апликацијата, да го изберат возилото за кое станува збор, а потоа да притиснат (Charge on Solar) „Наполни на сончева енергија“. Апликацијата потоа ќе побара од корисникот да постави ограничување за полнење и претпочитаната локација за полнење. Накратко, ова треба да им овозможи на корисниците да повлечат само онолку енергија колку што сакаат од мрежата, пред да надополнат само со соларна енергија.
Откако ќе се префрли на соларно полнење, возилото ќе ја следи ситуацијата на полнење во реално време и ќе го приспособува нивото на моќност на полнење на секои десет секунди по потреба. Корисниците, исто така, можат да одредат кога да користат соларно полнење, а кога не.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube