X
 31.10.2022 Култура

Гледачите вонземирени од вистинската приказна на новиот филм на „Нетфликс“ - „Добрата медицинска сестра“

Гледачите ги споделија своите реакции за најновата криминална драма на „Нетфликс“ - „Добрата медицинска сестра“, во која глумат Џесика Честејн и Еди Редмејн. Многумина беа шокирани кога ги открија вистинските детали од приказната што ја инспирира оваа драма.

- Самиот факт дека филмот е базиран на вистинска приказна е застрашувачки. Само што го гледав филмот и страшно е да се помисли дека ова навистина се случило - пишуваат интернет-корисниците.

„Дали има надеж за овој свет?“

- Само што се запишав на медицинска школа и ми се лоши кога гледам дека постојат луѓе кои прават вакви работи, додека другите ги затвораат очите и се преправаат дека не гледаат - вели еден интернет-корисник.

- Станува збор за морничав филм и исто толку прекрасна изведба на Еди. Тој и Џесика беа одлични. Но, на крајот од филмот почувствував дека нема многу надеж за овој свет - вели друг.

Проблемот со здравствениот систем во САД

Некои гледачи се осврнаа и на проблемот на здравствениот систем во Америка. Тие изјавија дека филмот се обидува да укаже на пропустите и проблемите на здравствената заштита во американските болници.

- „Добрата медицинска сестра“ е хорор-филм. Сепак, тоа не е само хорор-филм поради медицински техничар кој убива луѓе. Не. Хорор е и поради катастрофалната состојба во која се наоѓа американското здравство - напиша едно лице.

Приказна за сериски убиец


Филмот, кој беше објавен на „Нетфликс“ оваа недела, е вистинска приказна за Чарлс Кален, медицински техничар и сериски убиец кој убил десетици, а можеби и стотици пациенти во текот на неговото 16-годишно работење во болница.

Во филмот Еди Редмејн го глуми Чарлс Кален, додека Џесика Честејн ја глуми Ејми Лофрен, медицинска сестра.



Извор: Index.hr
Фото: Screesnhot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура