X
 25.08.2018 Култура

Дури и вие сте заработиле повеќе од овие филмови - Најголемите филмски губитници во Холивуд

Секогаш кога станува збор за најголемите холивудски губитници, на листата често се вклучуваат високобуџетните проекти кои во кината не заработиле онолку колку што било планирано, па тука можат да се земат во предвид блокабстери како „Cutthroat Island“ или „The Adventure of Pluto Nash“, кои помалку или повеќе ја уништија кариерата на Рен Харлин и Еди Марфи.

Но „Billionaire Boys Club“ зад кој стои моменталната холивудска персона нон грата, Кевин Спејси, на денот на премиерата успеа да заработи 126 долари, а тоа е големо потфрлување за филм во кој биле вложени повеќе од 15 милиони долари. Се разбира, треба да се има во предвид дека станува збор само за отворањето, па така заработката во овој момент е малку повеќе од милион и пол долари. Исто така, постои голема можност дека филмот на овој или оној начин барем ќе го оправда буџетот, како што беше случајот со многу други губитници.

Верувале или не, ова не е единствениот филм со толку лош резултат. Во продолжение погледнете некои од филмовите што немале најдобро отворање.

Zyzzyx Road (2006)

Заработка: 30 долари



Насловот што делува како некој да заспал на тастатурата, не е единствениот проблем со овој трилер кој во главните улоги има два релативно познати актери - Том Сиземор и Кетрин Хајгл. За почеток, треба да се нагласи дека филмот бил прикажуван само во едно кино, што делумно влијаело врз приходите, но бил прикажуван цела недела. Во тој период биле продадени само шест карти и притоа заработил 30 долари.

Ова е огромен неуспех дури и за филм со буџет од 1.5 милиони долари.

„Storage 24“ (2013)

Заработка: 72 долари


Јоханес Робертс веројатно не очекувал неговиот филм да стане кино хит, но сепак очекувал повеќе од 72 долари. И овој филм бил прикажан само во едно кино.

Еден од сценаристите и ѕвезди во филмот, Ноел Кларк, изјавил: -Филмот е тоа што е. Немавме пари, а бевме амбициони.

Во последните пет години ситуацијата „драстично“ се поправи и заработката се искачи на „вртоглави“ 646.000 долари. И понатаму очајно, но за 10 години филмот би можел дури и да ги оправда вложените пари.

„Dog Eat Dog“ (2009)


Заработка: 80 долари



За разлика од претходните филмови на листата, овој дури и прими и неколку награди на филмските фестивали, вклучувајќи го и Санденс. За жал, колумбиската крими драма на Карлос Морено заработила само 500 куни.

„The Objective“ (2008)


Заработка: 95 долари



Еден од поинтересните детали е што овој филм бил режиран од еден од режисерите на независниот мега хит „The Blair Witch Project“, Даниел Мирик. Филмот бил прикажан во едно кино и заработил 95 долари.

Од друга страна, месец дена подоцна, бил прикажан и во Лос Анџелес, па таму заработката се искачила на повеќе од 2 милиони долари.

„The Ghastly Love of Johnny X“ (2012)


Заработка: 117 долари



Човек би помислил дека луѓето би сакале да го гледаат Крид Братон, но не.

Иако освоил пет награди на фестивалите, во кината поминал очајно. Година дена подоцна, дистрибутерите се обиделе повторно, но ни тогаш немале среќа. Вкупната заработка на филмот е 2.436 долари, а имал буџет од 2 милиони долари.

„Лепа села лепо горе“ (1996)


Заработка: 211 долари



Ова беше голем хит на Балканот, а многумина и понатаму го сметаат за еден од најдобрите воени филмови, но американската јавност едноставно не се грижи за војните на балканските племиња.

„Playback“ (2012)

Заработка: 264 долари



Едно е кога имате филм во кој нема ѕвезди, но кога во филмот една од улогите ја глуми најголемата ѕвезда на 80-тите, Кристијан Слејтер, очекувате интересот за филмот да биде поголем.

И покрај солидниот буџет од 8 милиони долари, оваа копија на „The Ring“ не успеа да заработи ни 300 долари.

„The Intervention“ (2017)


Заработка: 279 долари



Едно кино. Три дена прикажување. 279 долари. Иако режисерот и главната актерка Џенифер Тили освоија награди, филмот во кој се појавуваат и Енди Мекдауел, Колм Феоре, Руперт Грејвс и Дона Д Ерико, не се покажал како магнет за публиката.

„Trojan War“ (1997)


Заработка: 309 долари



На овој филм компанијата Ворнер Брос фрила 15 милиони долари, а во главната улога беше Џенифер Лав-Хјуит која во тоа време беше непозната.

„The Marsh“ (2007)

Заработка: 336 долари



Само месец дена откако доби Оскар за најдобра актерка, Форест Витејкер повторно заврши во медиумите. Овој пат поради трилерот на Габриел Анвар кој не само што не го оправда буџетот од 7 милиони долари, туку и поради тоа што бил огромен неуспех, бил повлечен од кината.

„Apartment 143“ (2012)

Заработка: 383 долари



Овој мексикански хорор потрфли на многу терени. Не само што критичарите го критикуваа максимално, туку и публиката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура