За многумина фантазијата за Свети Никола како се вози низ небото зад осум ирваси е магијата на детството. За други, тој е само едно сфаќање дека родителите кажувале лага и според резултати од ново истражување, родителите преземаат ризик со тоа што дозволуваат уживање во оваа традиционална фантазија.
-Во текот на изминатите две години бев „совладан“ од луѓе кои ме контактираа за да кажат дека се погодени од недостаток од доверба кога дознале дека Дедо Мраз не е реален - вели психологот Крис Бојле од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија.
Тој истражува како откривањето на митскиот статус на Дедо Мраз влијае на луѓето во светот. Тој се уште собира податоци, но реши и да сподели дел од нив. Станува за околу 1.200 одговори. Сега засега, една третина од испитаниците истакнале дека биле вознемирени кога дознале дека Дедо Мраз не е реален. Вкупно 15 отсто се почувствувале измамени, а 10 отсто признале дека биле бесни откако ја дознале веста. Кај 30 отсто од испитаниците, митот за Дедо Мраз влијаел и на нивната доверба во возрасните.
Сепак, податоците сугерираат дека повеќето деца кога ќе ја дознаат вистината, сѐ уште веруваат во она што ќе им го кажат родителите, па 56 отсто од испитаниците рекле дека нивната доверба не била погодена.
Во 2016 година Бојли и неговата колешка Кети Мекеј напишале есеј наречен „Прекрасна лага“. Во него тие пишувале за социологијата на митот за Дедо Мраз и дали таквата измама е морално лоша или добра.
-Дали светот е толку лош што одлучуваме дека е подобро да потрошиме околу десет години лажејќи ги децата за голем весел човек кој им дава подароци на сите деца со помош на митски суштества затоа што тоа додава забава за Божиќ - запрашаа тие.
Според првичните резултати од истражувањето, помалку од три четвртини од нас би рекле да. Вкупно 72 отсто од родителите ја прифаќаат играта, активно вклучувајќи се во измамата. Но и тоа не го прават совршено. Некои од испитаниците сега се присетуваат како ја дознале вистината за Дедо Мраз. Но, сепак, иако ги составаме сите делчиња и сме свесни дека родителите нѐ лажат, изгледа дека околу две третини од нас сѐ уште ја играле играта. Зошто?
Причината можеби лежи во
изненадувачкиот резултат кој вели дека едно од три лица сака сѐ уште да верува во Дедо Мраз. Тешко е да се каже дали тоа отсликува желба за враќање на состојбата на детска наивност, желба за моќен сојузник кој дава подароци или за признание за доброто однесување.