X
 02.01.2023 Живот

Егисхајм - француско гратче кое било инспирација за селото во „Убавицата и ѕверот“

Егисхајм е шармантно средновековно село лоцирано во регионот Алзас во Франција. Посетителите можат да се шетаат по кривулестите улички и да се восхитуваат на средновековните дрвени куќи, да уживаат во автентичното јадење на Алзас и да пробаат вино. Токму овие активности го прават овој регион популарен меѓу туристите.

Зошто Егисхајм е најубавото село во Алзас?


Егисхајм е едно од неколкуте гратчиња чија архитектура служела како инспирација за цртаниот филм „Убавицата и ѕверот“, а подоцна во овој град се снимал и играниот филм „Убавицата и ѕверот“ со Ема Ватсон во главната улога како Бел.

Најдобриот начин да го истражите ова шармантно француско село е да пешачите. Целиот град може да го поминете пешки, но погрижете се да носите добри чевли затоа што има многу калдрма.


Егисхајм има кружна форма, со замок од 12 век во центарот на селото. Ова го прави совршена почетна точка. Исто така, тука се наоѓа црквата „Свети Леон“ од 13 век.

Божиќен базар

@doctordimple Eguisheim, the town that inspired Belle’s village in the animated classic, Beauty & the Beast. #france #alsace #beautyandthebeast #disney #europe ♬ Prologue (From "Beauty and the Beast") - Moisés Nieto
Доколку сакате да уживате во новогодишните празници, ова е вистинското место за вас. Секој чекор низ ова село е магија. Можете да уживате во божиќниот базар со мирис на варено вино, топла храна, новогодишни елки и сувенири. Тука можете да пробате и колбаси, леб, вафли, колачиња со цимет, а ѕвезда на вечерта е познатото варено вино кое се подготвува со различни додатоци.


Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот