X
 31.12.2018 Технологија

Овој австралиски воз е најголемиот робот на светот

Од рударската корпорација „Рио Тинто“ истакнаа дека автономниот железнички систем наречен „АутоХол“, кој неколку години се развиваше во австралискиот регион Пилбара, сега е целосно оперативен - достигнување кое, според компанијата, го прави овој систем најголемиот робот на светот.

- Беше предизвикувачко патување да се автоматизира олку голема железничка мрежа и да се однесе на далечна локација како Пилбара - вели генералниот директор на „Рио Тинто“, Иван Вела.

Сепак, првичните резултати покажуваат дека има значителен потенцијал за подобрување на продуктивноста, овозможување зголемена флексибилност на системот и намалување на тешкотиите.

Возот за носење руда е само еден дел од амбициозниот проект за автоматизација на компанијата, кој вклучува роботи и самоуправувачки возила кои „Рио Тинто“ сака да ги искористи за да ги автоматизира рударските операции.

Компанијата веќе го направи првиот тест на возот без луѓе во него и сега тврди дека системот автономно поминал повеќе од милион километри. Од компанијата велат дека ова нема да елиминира работни места во текот на следната година, но тешко е да се замисли дека тоа нема да се случи во подалечна иднина.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија