X
 03.12.2018 Живот

Снимка од австралискиот парламент што треба да ја видат сите политичари

Некогаш е поубаво работите да се кажат преку песна. Затоа, австралискиот министер за култура и уметност стана хит на интернет кога во парламентот ја отпеа мелодијата на познатата песна „The sound of silence“.

Дејвид Темплмен, член на градскиот парламент во градот Мандуро, Западна Австралија, изведе мал перформанс во текот на неговото излагање за неговото годишно работење. Текстот започнува со зборовите „Hello Speaker, my old friend“ и на сите им станало јасно за која песна станува збор.

Темплмен по завршувањето му даде збор на наредниот член на парламентот, Зак Кркуп, велејќи му: - Обиди се да го следиш ова.

Кркуп изјавил дека нема намера да пее бидејќи не е толку талентиран како министерот за култура, на што официјалниот спикер Питер Вотсон му рекол: - Не е ни Темплмен.

На Дејвид ова не му е првпат да „пушти глас“ бидејќи минатата година извел сличен перформанс, но со мелодијата на песната „Galaxy Song“ од Монти Пајтон.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот