X
 30.07.2016 Наука

Австралија ја менува својата географска ширина и должина

Австралија ќе ја смени својата географска должина и ширина за да одговараат на локалните координати и на оние од глобалниот навигациски сателитски состав, пишува Би-Би-Си.


Локалните координати кои служат за изработка на мапи и различни видови мерења отстапуваат од глобалните за метри. Австралија секоја година се поместува за седум центиметри кон север поради тектонски движења.

Модерните сателитски состави добиваат податоци според глобалните линии на географските должини и ширини кои не се менуваат, иако континентите се движат. Сепак, многу земји изработуваат мапи со фиксни податоци.

„Иако линиите се фиксни, може да ставите знак на површината, да ги измерите координатите и тие ќе останат такви идните 20 години. Така се прави тоа“, вели Дан Јакса од „Геосајенс Австралија“.

Меѓутоа, поради движењето на тектонските плочи, тие тектонски координати со текот не времето повеќе не одговараат на глобалните. Јакса додава дека точните информации се важни за корисниците на ГПС, како корисниците во автомобил. Локалниот австралиски состав на координати последен пат бил ажуриран во 1994 година, а континентот оттогаш се поместил пет метри северно.

Локалните координати ќе бидат поместени за 1,8 метри во 2017, со што ќе одговараат со глобалните до 2020 година. Дури тогаш ќе започне да се применува нов систем кој промените ќе ги усвојува автоматски.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука