Мика Антиќ, поет познат по шеговитите, но и длабоко емотивни и љубовни песни, во една пригода напиша рецепт за среќен живот.
Еве како гласи:
Земете 12 месеци, добро исчистете ги од горчина, себичност, ситничарење и страв.
Секој месец внимателно исечкајте го на 30 или 31 ден, така што резервата да биде доволна за цела година.
Секој ден исполнете го со: една третина работа, третина душевна ведрина и третина хумор, додавајќи три лажици оптимизам, една лажица трпеливост, зрнце иронија и прстофат тактика.
Оваа смеса обилно прелејте ја со љубов.
Готовото јадење украсете го со букет ситно внимание и сервирајте го секој ден, со нужна ведрина, со шолја освежувачки чај.
Напомена: Рецептот не чувајте го само за себе, туку споделете го и со
другите!