X
 31.12.2023 Технологија

Како ќе изгледаат мобилните телефони во иднина?

Во светот на технологијата на паметните телефони се појавија предвидувања за иднината на овие уреди, нудејќи поглед кон новите иновативни можности.

Флексибилни телефони


Флексибилните телефони слични на „моторла разр плус“ ќе доживеат трансформативна еволуција. Се предвидува дека сегашната флексибилност, ограничените делови на екранот ќе се прошират на целиот уред, создавајќи приспособливост на тие уреди кон потребите на корисниците.

„Моторола“ веќе го претстави концептот на телефон кој се преклопува, демонстрирајќи го потенцијалот на флексибилност за зголемување на издржливоста и долговечноста.

Соларно полнење


Иднината би можела да биде сведок на оддалечување од конвенционалните методи на полнење, бидејќи соларната енергија ќе го заземе централното место. Додека преносливите соларни полначи се веќе погодни за љубителите на отворено, вградувањето соларни панели во телефоните останува футуристичка перспектива.

И покрај тоа што јапонскиот производител на телефони „Кујокера“ најави телефон на соларно полнење уште во 2016 година, ограничувањата на дизајнот го попречија во тоа.

Технологија за самопоправање

На повидок се и паметни телефони кои сами ќе се поправаат, што би претставувало дефинитивна промена на парадигмата во одржливоста на паметните телефони.

Неодамнешниот напредок на Универзитетот „Стенфорд“ е за синтетичката кожа способна за самозаздравување со помош на топлина и магнети. Откритието би можело да го отвори патот за телефонски материјали кои самостојно ќе се поправаат со текот на времето.

Одржливи материјали


Додека светот бара решенија погодни за климата и природната средина, експертите предвидуваат промена кон одржливи ресурси во производството на телефоните. Паметните телефони, познати по нивната голема зависност од метали како кобалтот, може да се развијат со подобрени еколошки перформанси.

Иако остануваат предизвиците поради побарувачката за материјали со високи перформанси, продолжувањето на животниот век на паметниот телефон преку полесни поправки и модуларни дизајни придонесува за одржливост.

Извор: Daily Mail
Фото: Daily Mail
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија