Легендарниот музичар Дејвид Боуви беше навистина пред своето време за повеќе работи, од музика и мода до социјалните прашања, а се чини и за технологијата.
Во далечната 1999 година, кога интернетот сè уште беше феномен во зародиш, музичарот даде предвидување за тоа што ќе биде интернетот, а тоа се покажа исклучително точно. Иако можеби е тешко да се сетиме на времињата кога интернетот не беше навлезен во секој момент од нашите животи, имаше многу луѓе што веруваа дека тоа е само глупав тренд. Но, но е и Боуви, кој ги открива своите размислувања за интернетот во интервју со Џереми Паксман за Би-би-си.
- Не мислите дека некои тврдења за интернетот се претерани? Кога беше измислен телефонот, луѓето изнесуваа неверојатни тврдења - го прашува Паксман легендарниот музичар, посочувајќи му едно од тие „претерани“ тврдења - американскиот претседател во тоа време велел дека еден ден сите во Америка ќе имаат телефон во својот дом.
- Мислам дека не сме го виделе ни врвот на ледениот брег. Мислам дека потенцијалот на она што интернетот ќе му го направи на општеството, и добро и лошо, е незамислив. Мислам дека сме на работ на нешто возбудливо и страшно - изјавил Боуви, на што Паксман возвраќа дека интернетот е само алатка.
- Не, не е. Тоа е форма на вонземен живот. Зборувам за контекстот и состојбата на содржината, сето тоа ќе биде различно од сѐ што можеме да замислиме во овој момент - одговара Боуви.
И Боуви бил апсолутно во право. Интернетот буквално го промени начинот на кој функционира светот, а славниот пејач уште една покажа колкав гениј беше.
Фото: Screenshot/YouTube