X
 13.04.2016 Образование

Работи кои најверојатно ќе исчезнат од училниците во наредните години

Училницата се менува бидејќи светот се менува. Образованието сè почесто е водено и финансирано од владите, а сѐ помалку разбрано од јавноста. Но, тоа не значи дека не се случуваат промени и дека наскоро нема да нѐ очекуваат уште промени. „Teach thought“ состави листа од „нештата“ кои најверојатно ќе исчезнат од училниците во следните 12 години.


Директно предавање и предавање на цела паралелка

Во кој универзум стоењето пред 30 луѓе за да научат нешто има смисла? Предавањата од овој стил веќе стануваат минато, а промената ја чекаме одамна.

Тестови

За тестовите одамна се пишува дека се стар начин на учење, односно проверка на знаењето.

Традиционални планови

Предавањата кои се исти за сите ученици немаат многу смисла. Имањето точно определено време за часови во минути е минато. Нови интеракции - ново размислување.

Компјутерски лаборатории

20 години отсега, компјутерските лаборатории ќе бидат заменети со лаборатории за создавање, а компјутерите ќе бидат присутни во училниците.

Полово означување

Можеби ова нема да се промени, но јасно е дека новите генерации размислуваат поинаку од постарите. Се работи за социјална промена, зголемена глобализација итн. Некаква промена сигурно ќе има.

Стандардни начини на учење

Знаењето и информациите сега се добиваат и на други начини освен преку книгите. Тука се едукативните блогови, видеа и други технологии кои стануваат норма.

Работната маса на наставникот

Сѐ додека наставникот е пред класот, односно во центарот, содржината не е најважна, а помалку учениците. Со технологијата, ученикот може да биде на прво место во учењето.

Учебници

Учебниците не се толку лоши како што можеби изгледаат за некого. Во нив има содржини кои учениците мора да ги усовршат за да добијат знаење или вештина. Проблемот е во тоа што училиштата предолго учат за вештини и знаење преку книги кои се премногу генерални и спротивни од она што им е потребно на учениците за критички да размислуваат и да учат поефикасно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование