X
 22.05.2019 Конкурси

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Американ колеџ Скопје во академската 2019/2020 година

Врз основа на член 149 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ“ бр. 82/2018) и согласно член 134 од Статутот на Универзитет Американ Колеџ Скопје, Ректорската управа на Универзитетот распишува

К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА

1. На единиците на Универзитет Американ Колеџ Скопје можат да се запишат вкупно 380 студенти во прва година на прв циклус студии во академската 2019/2020 година.

1.1. На Факултет за деловна економија и организациони науки можат да се запишат вкупно 130 студенти во прва година на студии на следните насоки:
- Менаџмент, маркетинг и финансии (настава на македонски јазик);
- Менаџмент, маркетинг и финансии (настава на англиски јазик); (ПРЕТХОДНО НАВЕДЕНИТЕ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ СЕ АКРЕДИТИРАНИ ВО САД)
- Ревизија и сметководство (настава на англиски јазик, четиригодишни студии);
- Бизнис администрација и економија (ДВОЈНА ДИПЛОМА СО УНИВЕРЗИТЕТ ТОР ВЕРГАТА – РИМ, Италија, настава на англиски јазик) (10 студенти).

koledz

1.2. На Факултет за архитектура и дизајн можат да се запишат вкупно 70 студенти во прва година на студии (настава на македонски јазик) на следните насоки:
- Архитектура;
- Внатрешна архитектура;
- Визуелни уметности.

1.3. На Факултет за компјутерска техника и информатика можат да се запишат вкупно 70 студенти во прва година на студии (настава на англиски јазик) на следните насоки:
- Софтверско инженерство;
- Компјутерски мрежи;
- ИТ менаџмент;
- Менаџмент на информациски системи (НАСТАВНАТА ПРОГРАМА Е АКРЕДИТИРАНА ВО САД)
- Роботика, вештачка интелигенција и обработка на сигнали.

1.4. На Факултет за политички науки можат да се запишат 30 студенти во прва година на студии на следната насока:
- Психологија (настава на англиски јазик, четиригодишни студии);
- Меѓународни односи и дипломатија (настава на англиски јазик);
- Економска дипломатија (настава на англиски јазик)

1.5. На Факултет за странски јазици можат да се запишат 30 студенти во прва година на студии на следната насока:
- Настава по англиски јазик
- Деловна комуникација и превод на англиски јазик (НАСТАВНАТА ПРОГРАМА Е АКРЕДИТИРАНА ВО САД)

1.6. На Факултет за правни науки можат да се запишат вкупно 30 студенти во прва година на студии (настава на македонски јазик) на следните насоки:
- Правосудна насока

1.7. На Меѓународната висока школа за архитектура и дизајн можат да се запишат вкупно 20 студенти во прва година на студии на следните насоки:
- Архитектура.

Студиската програма од точка 1.5 алинеја 1 е предмет на реакредитација и до моментот на добивање на решение за почеток со работа, ќе се води евиденција на потенцијалните кандидати.

Студиската програма од точка 1.6 "Правосудна насока" е во фаза на реакредитација под назив "Правни студии".

Доколку на некои од факултетите не се пополни соодветниот број на студенти, за неисполнетиот број на студенти може да се зголеми бројот за запишување студенти на некој од другите факултети на Универзитетот, но во рамките на вкупниот број на студенти што можат да се запишат на Универзитетот. Факултетите го задржуваат правото да одлучат за отпочнување на наставата и начинот на изведувањето на наставата на понудените студиските програми доколку бројот на запишани студенти е помал од 5 (пет) студенти, со исклучок на Факултетот за архитектура и дизајн каде бројот на минимум запишани студенти за изведување на настава е 7 (седум).

Сите деловно ориентирани програми на сите факултети, освен на Факултетот за деловна економија и организациони науки кои се акредитирани во САД, како и сите други програми, освен оние кои се посебно назначени како четиригодишни студии, се однесуваат на тригодишни студии од прв циклус.

За стекнување на диплома акредитиранa во САД, студентот треба да ги комплетира сите предвидени деловни модули.

2. Индикативниот надоместок за запишување и посетување настава на прв циклус студии за една академска година со вредност од 60 ЕКТС изнесува:
- 1.800 евра во денарска противвредност за студирање на студиската програма по "Внатрешна архитектура" на Факултетот за архитектура и дизајн
- 2.000 евра во денарска противвредност за студирање на студиските програми на сите факултети
- 2.600 евра во денарска противвредност за студирање на англиски јазик на студиските програми на Факултетот за деловна економија и организациони науки (менаџмент, маркетинг, финансии и ревизија и сметководство)
- 2.600 евра во денарска противвредност за студирање на англиски јазик на студиската програма со двојна диплома на Факултетот за деловна економија и организациони науки
- 3.000 евра во денарска противвредност за студирање на студиските програми на Меѓународната висока школа за архитектура и дизајн Надоместокот за студирање и условите за можните начини на плаќање и попустите кои се одобруваат, се регулирани со тарифникот на Универзитетот.

3. Право на запишување на прв циклус студии на единиците на УАКС имаат само кандидати кои положиле државна матура или меѓународна матура. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура (пред учебната 2007/2008 година).

Странските државјани се запишуваат на студии под исти услови како и државјаните на Република Македонија и кои со пријавата приложуваат решение за нострификација за завршено средно образование, односно доказ дека е започната постапка за таква нострификација кај надлежните институции. На Универзитетот можат да се запишат и кандидати во повисоки години кои се трансфер од други високообразовни установи, кандидати што имаат завршено високо или вишо образование, студенти кои посетуваат програма за мобилност Еразмус+, како и други програми за мобилност на студенти, но во рамките на вкупната квота за запишување студенти. Доколку на конкурсот се јават повеќе кандидати од утврдениот број согласно овој конкурс, нивниот избор ќе се врши со рангирање според постигнатиот просечен успех во средното образование.

4. Кандидатите за запишување и посетување настава на наставни програми на англиски јазик ќе бидат тестирани за степенот на познавање на англискиот јазик. Врз основа на постигнатите резултати на тестирањето, ќе се организира подготвителна настава по англиски јазик.

5. Универзитетот ќе одобри попуст од 5% од износот на надоместокот за запишување на студии за кандидатите што ќе се запишат на прв циклус студии заклучно со 15.06.2019 година – рана регистрација.

6. Универзитетот за кандидатите што ќе се запишат на прв циклус студии ќе организира:
- подготвителна настава по англиски јазик (за студенти кои се запишуваат на наставни програми на англиски јазик);
- подготвителна настава по математика (за студенти на Факултетот за деловна економија и организициони науки, Факултетот за архитектура и дизајн и Факултетот за компјутерска техника и информатика);
- подготвителна настава по цртање (за студенти на Факултетот за архитектура и дизајн);
- подготвителна настава по информатика (за студенти на Факултетот за компјутерска техника и информатика);
- кариерно советување,
- обука за подготвување на биографија, мотивациско писмо и интервју за работа,
- обука за користење на електронска библиотека ЕБСКО,
- обука за користење на Мудл (Moodle) платформа за настава и интеракција со наставниот кадар.

7. На Универзитетот Американ Колеџ Скопје кандидатите можат да се запишат и на вонредни студии на сите факултети, освен на Факултетот за архитектура и дизајн, доколу исполнуваат соодветни услови, а во рамки на вкупниот број на студенти од точка 1 на овој конкурс. Индикативниот надоместок за запишување и студирање на вонредните студенти за една академска година со вредност од најмалку 60 ЕКТС изнесува:
- 2.000 евра за студирање студиските програми на сите факултети
- 2.600 евра за студирање на англиски јазик на студиските програми на Факултетот за деловна економија и организациони науки. Надоместокот за студирање и условите за можните начини на плаќање се регулирани со тарифникот на Универзитетот.

8. Уписниот рок започнува со објавувањето на конкурсот и трае заклучно со 24.08.2019 година.

Кандидатите со вкупно освоени од 60 до 100 поени од сите параметри вклучени во пресметувањето на успехот, ќе се запишуваат по принципот прв дојден прв услужен при што ќе се земат предвид кандидатите кои извршиле претходна регистрација од објавувањето на конкурсот до 24 август 2019 година. Кандидатите со вкупно освоени од 45 до 59 поени од сите параметри вклучени во пресметување на успехот, можат да се запишат на Универзитетот под посебен режим на студирање, доколку има слободни места на Универзитетот.

Студиските програми понудени во овој конурс е предвидено да се реализираат во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје, со седиште на бул. Трета македонска бригада бр. 60 во Скопје.

Подетални информации во врска со овој конкурс можат да се добијат на Универзитет Американ Колеџ Скопје, бул. Трета македонска бригада бр. 60, на тел. број 2 463 156 или на веб страната на Универзитетот www.uacs.edu.mk.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси