На малиот британски остров Пил е распишан необичен конкурс. Тамошните власти се во потрага по некој што има искуство во водење угостителски објекти, сака изолација и е подготвен да ја прифати улогата на крал.
Властите бараат лице што ќе го води ресторанот „Шип Ин“, кој ќе се грижи за целиот остров. Во конкурсот се наведува дека кандидатите треба да бидат подготвени за неизвесни временски услови, изолација и долги работни часови. Но, од друга страна, вработената личност ќе ужива во чист воздух и убав пејзаж.
Џон Марфи, кој веќе четири децении ги носи туристите на островот, вели дека оној што ќе ја добие работата мора да биде посветен на работата.
- Не може тукутака да отидете во продавница кога сте на островот. Мора да бидете посветени и да сакате изолација, мир и тишина. Има малку такви што го можат тоа и го сакаат - изјавил Марфи.
До островот Пил може да се стигне со траект кој редовно плови од април до септември. Властите бараат некој што ќе остане десет години на островот, а ќе се всели во април. Тогаш ќе биде организирана и церемонија на крунисување на новиот крал која вклучува потопување на кралот со пиво. По церемонијата, кралот ја презема обврската за водење на ресторанот и грижа за островот.
Извор:
Klix