X
 13.06.2019 Конкурси

Конкурс за упис на додипломски студии - 2019/2020 на Меѓународен Славјански Универзитет

Врз основа на член 149 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (сл.весник 82/2018) и Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе - Битола, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 12.04.2019 година донесе одлука за упис на студенти во учебната 2019/2020 година и го објавува следниот

КОНКУРС
за запишување на студенти на прв циклус на студии во академската 2019/2020 година

• ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ •


Факултет за економија и организација на претприемништвото (4+1)
• Менаџмент на организација
• Финансии и кредит

Факултет за психологија (4+1)

• Општа психологија

Факултет за информатика (3+2)

• Софтверски технологии
• Компјутерски системи и мрежи

Факултет за безбедносно инженерство (3+2)
• Безбедност при работа
• Безбедност од пожар

Факултет за правни науки (3+1+1)

• Административно право и јавна администрација
• Граѓанско право,
• Казнено право,
• Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија и,
• Финансии и деловно право

1.Број на студенти

За студии со настава на македонски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

• Менаџмент и организација - 100 редовни и 100 вонредни студенти
• Финансии и кредит - 30 редовни и 20 вонредни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат 70 редовни и 60 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Компјутерски системи и мрежи - 20 редовни и 20 вонредни студенти
• Софтверски технологии - 20 редовни и 20 вонредни студенти

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Безбедност при работа - 30 редовни и 20 вонредни студенти
• Безбедност од пожар - 20 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Административно право и јавна администрација - 20 редовни и 20 вонредни студенти
• Граѓанско право - 20 редовни и 20 вонредни студенти
• Казнено право - 20 редовни и 20 вонредни студенти
• Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија - 20 редовни и 20 вонредни студенти
• Финансии и деловно право - 20 редовни и 20 вонредни студенти

За студии со настава на англиски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Менаџмент на организација - 10 редовни и 5 вонредни студенти
• Финансии и кредит - 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Компјутерски системи и мрежи - 10 редовни и 5 вонредни студенти
• Софтверски технологии - 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Општа Психологија - 20 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Административно право и јавна администрација - 5 редовни и 5 вонредни студенти
• Граѓанско право - 5 редовни и 5 вонредни студенти
• Казнено право - 5 редовни и 5 вонредни студенти
• Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија - 10 редовни и 10 вонредни студенти
• Финансии и деловно право - 5 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:
• Безбедност при работа - 10 редовни и 5 вонредни студенти
• Безбедност од пожар - 10 редовни и 5 вонредни студенти

2. Услови и критериуми за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон). Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1000 евра (за една учебна година) во денарска противвредност, односно 1200 евра (за една учебна година) за Факултетот за Безбедносно инженерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10 %.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

3. Рокови за пријавување и запишување


Првиот уписен рок трае од 25.04.2019 година до 25.08.2019 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2018 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2019 година до 25.09.2019 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 30.09.2019 година.

4. Потребни документи за запишување


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2019/2020 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи: • Диплома за завршено средно образование, односно доказ за положена државна или меѓународна матура;

• Свидетелства од сите 4 години;
• Копија од извод од матична книга на родените;
• Копија од државјанство;
• 4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе - Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси